Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

УЈИЕ е на второ место во Северна Македонија според научниот индекс АД заснован на научни перформанси и додадена вредност

Во последниот извештај објавен од научниот индекс АД (Alper-Doger Scientific Index), Универзитетот на Југоисточна Европа е рангиран на второто место во Северна Македонија врз основа на научните перформанси и додадената вредност на научната продуктивност на индивидуалните истражувачи.

На ранг-листата се наоѓаат 11 универзитети и 579 професори од земјава, додека УЈИЕ е вториот универзитет од Северна Македонија, кој е застапен на листата на врвните 10 % научници во светот.

Системот за рангирање на научниот индекс АД се заснова на бројот на заслужни истражувачи. Рангирањето е направено според четири критериуми. Првиот критериум е бројот на истражувачи рангирани на светската листа на врвните 2 % научници. Вториот и третиот критериум е рангирањето на истражувачите на листата на врвните 10 %, врвните 20 %, врвните 40 %, врвните 60 % како и на врвните 80 %. Четвртиот критериум за рангирање е бројот на научници/истражувачи наведени во научниот индекс АД .

Научниот индекс АД ја анализира академска работа од 217 земји, 20.754 универзитети и 1.345.291 истражувачи/научници.

Google+