Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу го посети УЈИЕ

По повод 7. март - Денот на првото албанско училиште, министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, денес (07.03.2023 год.) го посети Универзитетот на Југоисточна Европа.

Тој оствари средба со ректорот акад.проф. д-р Абдулменаф Беџети, со кого разменија мислења за високото образование, како и за можноста за соработка помеѓу УЈИЕ и Министерството за информатичко општество и администрација со цел систематизирање на универзитетите за профили на дипломираните студенти и развој на нови интердисциплинарни студиски програми.

Универзитетот на Југоисточна Европа негува дух на меѓусебна соработка со сите јавни и приватни институции во земјава, регионов и пошироко.

Google+