Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

УЈИЕ преку библиотеката „Макс ван дер Штул“ донира 90 наслови на книги на средното економско - правно училиште „Арсени Јовков“ во Скопје

Како дел од активностите што Универзитетот на Југоисточна Европа ги организира во служба на заедницата и по поддршката на успешната иницијатива за помош во снабдувањето со книги на албанската библиотека во Битола, во понеделник (27.02.2023год.), Универзитетската библиотека „Макс ван дер Штул“ донираше над 130 примероци книги или 90 различни наслови на средното економско - правно училиште „Арсени Јовков“ во Скопје.

Иницијативата е дискутирана и со други средни училишта и истата ќе продолжи и во следниот период.

Преку овие делувања, УЈИЕ ја докажува својата општествена одговорност и во иднина се очекува да поддржува и други слични иницијативи.

Google+