Тимот на УЈИЕ беше претставен од академскиот кадар на Јазичниот центар и истражувачкиот и административниот кадар на Институтот „Макс ван дер Штул“ на почетниот состанок одржан во Александропулос, Грција, помеѓу 16. и 1.8 февруари 2023 година.
За време на состанокот беа презентирани резултатите и целите на проектот, вклучително и начините за споделување на експертизата, знаењето и искуствата на институциите учеснички преку одржлива онлајн мрежа BalkaNetUP (Балканска мрежа за универзитетска педагогија), предвидена како еден од резултатите на проектот, кој ќе биде проследен со формирање на центри за учење (TCL-teaching and learning centers) и масовни отворени онлајн курсеви (MOOC - massive open online courses).
Крајната цел на проектот е да се изгради и подобри постојната педагогија на Универзитетот, со акцент на педагошкиот развој на академскиот кадар на Универзитетот, кој има различно образование.
