На средбата присуствуваа: проф. д-р Беса Арифи, проректорка за истражување и меѓународна соработка; проф. д-р Вели Креци, директор на Институтот „Макс ван дер Штул“ и проф..Менан Селими, одговорен на проектот за следење на квалитетот на воздухот во градот Тетово.
Јапонскиот амбасадор, г. Казуја Отсука потоа учествуваше на презентацијата во Истражувачкиот институт „Макс ван дер Штул“, за Проектот за следење на квалитетот на воздухот и други проекти спроведени од овој научен институт.
Посетата на јапонскиот амбасадор се реализира со цел информирање и создавање можности за меѓусебна соработка во иднина.
