На дебатата организирана од Институтот за европска политика (ЕПИ) на тема „Новите геополитички случувања и влијанието врз Северна Македонија“, ректорот Беџети и министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, г. Бујар Османи, одговараа на релевантни прашања и разговараа со присутните за прашања поврзани со војната во Украина и нејзиното влијание врз процесот за членство во ЕУ, со акцент на Северна Македонија и Стратешкото партнерство на Северна Македонија со САД.
Ваквите прилики придонесуваат за подобро разбирање на геополитичките и општествените појави кај граѓаните и ја подигнуваат нивната свесност.
