Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Проф. д-р Ментор Хамити е избран за нов претседател на Сенатот на УЈИЕ

Сенатот на Универзитетот на Југоисточна Европа на состанокот одржан во вторникот (21.02.2023 год.) го избра проф. д-р Ментор Хамити за нов претседател на ова тело на Универзитетот.

Тој ќе го води Сенатот за период од една година. Досега претседател на Сенатот беше проф. д-р Змри Елези, предавач на Факултетот за современи општествени науки.

Проф. д-р Ментор Хамити е редовен професор на Факултетот за современи науки и технологии и предава предмети од областа на алгоритми, програмски јазици и технологии, како и професионална етика.

Сенатот е главниот орган за академски работи на Универзитетот.

Google+