„Најголемиот проблем што го има денешната економија, а не само нашата, туку и економијата на Западен Балкан и на цела Европа, е немањето квалификувана работна сила според барањата на пазарот на трудот. Затоа, економското знаење, со денешните информациски системи, треба да се создава порано - односно во средните училишта за што треба да се менуваат наставните програми“, рече меѓу другото ректорот Беџети како главен говорник на конференцијата.
Целта на конференцијата беше да се промовира поголемо разбирање на економските концепти и да се поддржи развојот на ефективни интервенции за економска писменост во РСМ.
На конференцијата учествуваа директори на средни училишта, претставници на јавни образовни институции и експерти од областа на економијата.
