COVID-19 Information and Protocol

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Телеграма со сочувство од Универзитетот на Југоисточна Европа по повод силниот земјотрес во Турција

Во име на вработените и на студентите на Универзитетот на Југоисточна Европа, ректорот акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, преку телеграма со сочувство испратена до Амбасадата на Турција во Скопје, изрази најискрено сочувство до семејствата на жртвите од силниот земјотрес што се случи денес (06.02.2023 год.) во повеќе градови во Турција.

„Многу сме тажни поради веста за силниот земјотрес што денес ја погоди Турција и изразуваме најискрено сочувство до семејствата на жртвите и до целиот народ на Турција и се молиме за надминување на оваа трагедија со што помалку последици и помала болка“, се вели во телеграмата со сочувство.

Универзитетот на Југоисточна Европа ги поддржува меѓународните активности за помош на жртвите и се надеваме дека турскиот народ и држава ќе ја надминат оваа голема трагедија.

Сигурни сме дека во овие тешки моменти ни треба солидарност и човечка хуманост што се демонстрира и се повеќе ќе се демонстрира во следните денови, се вели меѓу другото во телеграмата со сочувство на Универзитетот на Југоисточна Европа.

Google+