COVID-19 Information and Protocol

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Директни докази од Украина на форумот кој се одржа во УЈИЕ

„Сведоштва од Украина“, беше темата на трибината што се одржа денес (07.12.2022 година) на Универзитетот на Југоисточна Европа, на која претставници на локалната власт на регионот Киев и градот Ирпин претставија директни сведоштва за настаните во Украина.

Трибината ја организираше Универзитетот на Југоисточна Европа во соработка со Балканскиот институт за регионална соработка (БИРЦ).

На форумот присуствуваа: Тетјана Шчербак, заменик-гувернер на Киевската област, Трохим Иванов, заменик - градоначалник на Вишегород, Виолета Дворникова, советник на градоначалникот на Ирпин и како иницијатор, г. Ненад Чанак, политичар и поранешен претседател на Социјалдемократската лига на Војводина.

Во својот говор, ректорот на УЕЈЛ, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети им се заблагодари на г. Чанак од Војводина и на новинарот Селајдин Џезаири од Институтот БИРЦ, за иницијативата и реализацијата на оваа важна посета за нас како академска заедница, но и за оваа можност директно да ги слушнеме овие сведоштва за страдањата на Украинците од неиспровоцирана руска агресија. Ја поддржуваме праведната борба на народот на Украина и со ова докажуваме дека сме на вистинската страна на историјата.

„Ако некој подобро ги разбира нашите украински пријатели, ние сме меѓу нив, за жал не сами во овој дел од Европа, бидејќи овде во Босна и Херцеговина - пред три децении и во Косово пред две децении, доживеавме слични работи што предизвикаа стотици илјадници жртви, да не се повторат!“, рече меѓу другото ректорот Беџети.

На овој настан присуствуваше и конзулот на Украина во Северна Македонија, г. Костиантин Куценко, кој го поздрави настанот и се заблагодари на УЈИЕ за дадената можност да го слушне гласот на Украинците.

Претставниците на украинската делегација, за студентите и гостите, преку видеоснимки, фотографии и сведоштва успеаја на студентите, вработените, но и на пошироката јавност да им претстават пореална слика за тоа што всушност се случува во Украина. Тие рекоа дека е важно да се разбере и да се поддржи нивната праведна кауза со сите демократски средства, нагласувајќи ја потребата од сеопфатна помош за украинскиот народ.

На оваа трибина зборуваше и Ненад Чанак, кој им се обрати на студентите со конкретно барање да го заштитат овој мир во кој уживаат, бидејќи другата страна е мрачна и тажна. Тој рече дека целиот свој живот се борел за демократија и за демократски вредности и се надева дека некако влијаел на постигнување мир и воспоставување на демократски систем во овој регион.

На јавноста и беа претставени кратки видеа од војната во Украина, придружени со автентични слики на градови и села уништени од војната.

Трибината предизвика дебата и бројни прашања од присутните студенти и вработени.

Претставниците на општините од Украина пред да говорат во УЈИЕ (Тетово) учествуваа на слични трибини во Нови Сад, во Сараево и во Тузла.

Google+