На овој турнир учествуваа средните училишта од Општина Тетово, меѓу кои: Медицинското училиште „Никола Штејн“, Гимназијата „7.март“, Економското училиште „8. септември“, Земјоделското училиште „Моша Пијаде“, Колеџот „Маариф меѓународно училиште“, Колеџот „Јахја Кемал“, Гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ и Текстилното училиште „Ѓоце Стојчески“.
Победник на турнирот беше екипата на Медицинското училиште „Никола Штејн“, додека второпласирана е екипата на Економското училиште „8. септември“, а третото место го освои екипата на Гимназијата „7.март“.
Во знак на благодарност на сите учесници на овој турнир им беа доделени признанија како и пехари и медали за оние кои ги освоија првите 3 места.
Турнирот помина во празнична атмосфера, со многу публика од ученици од средните училишта и студенти.