Институтот за животна средина и здравје во својство на партнер од Македонија ќе ги спроведе активностите кои произлегуваат од проектот ИПМ Темпус IV. Како резултат од овој проект е и организирањето на заедничките студии по магистратура од дистанца за насоката “International joint Master degree in Plant Medicine”, како нова насока во ЈИЕУ во рамките на Институтот за животна средина и здравје.
Раководител на работната група од ЈИЕУ беше проректорот за истражување и квалитет проф. д-р Муртезан Исмаили, кој имаше презентација за работата на универзитетот и институтот пред европските и балканските партнери. Тие изразија желба за соработка и во други области во кои се очекува во иднина да биде вклучен и нашиот Универзитет.
Дел од групата кои престојуваа во Италија беа и Вулнет Зенки и Фисник Шабани, кои ќе бидат дел од работните групи во рамките на проектот.
Во месец март беше постигнат договор проф. д-р. Муртезан Исмаили да учествува како раководител на проектот на првиот состанок во Брисел на кој ќе биде презентирана работата и активностите на секој партнер поединечно и активностите кои ќе бидат спроведени во следните три години.
Претставници од Институтот за животна средина и здравје на ЈИЕУ, во рамките на ИПМ Темпус IV учествуваa на првиот координативен состанок кој се одржа во Рим и Бари во Италија од 02-07 февруари 2010 година. " />