Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Студентите по архитектура и дизајн ја одржаа четвртата изложба со свои семестарски трудови

Студентите од прва и од втора година од Катедрата за архитектура и дизајн, денес (29.06.2022 год.) ја одржаа четвртата изложба, со свои дела реализирани во текот на изминатиов семестар.

„Вашите достигнувања за овие 2 и 4 семестри, со овие изложени трудови не прават сите горди и не убедуваат дека вложувањата што ги направивме во оваа студиска програма вредеа и тоа е повратна инвестиција во општествена смисла“, истакна во излагањето ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети.

Ректорот Беџети ги повика студентите да ги следат најновите трендови во архитектурата и дизајнот, особено приспособувањето кон целите и критериумите на ОН, како и западноевропските трендови за одржливост и енергетска ефикасност. Тој им наложи на студентите да размислат за користењето на локалните ресурси и производи во нивната работа.

Трудовите на студентите претставуваат континуитет во учењето и визијата, а нивните аспирации за повоениот, пост-гладниот и пост-нафтениот свет се полни со оптимизам.

На изложбата присуствуваа студенти, родители и вработени од УЈИЕ.

Google+