Ректорот Беџети, на оваа трибина учествува на пленарната сесија на тема „65 години после Римскиот договор: Дали Европа е целосно економски реконструирана и интегрирана?“
Форумот ја развиваше својата работа на пленарни сесии на тема „Градење на иднината на Западен Балкан во современата европска безбедносна архитектура“.
Преспа форумот за дијалог се одржува секоја година, а ректорот Беџети минатата година беше учесник на овој настан каде што се претстави во рамките на меѓународната конференција „Западен Балкан: сложувалката што недостасува за комплетна Европа“.
Преспа форумот за дијалог (ПФД) е платформа креирана од Владата на Република Северна Македонија со цел да им овозможи на земјите, лидерите, организациите, експертите и граѓаните да решаваат билатерални и меѓународни прашања и да градат долгорочни односи за да ги зајакнат партнерствата.