Ректорот беше избран со мнозинство од вкупниот број на гласови од членовите на Одборот, a изборната постапка беше спроведена во согласност со Статутот на Универзитетот на ЈИЕ.
Акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети ќе го води УЈИЕ уште три години, по многу успешен прв четиригодишен мандат, иако периодот во кој беше избран за ректор беше многу предизвикувачки, со надолен тренд во сите аспекти на општествениот развој.
Одборот во името на целиот кадар му честита на новиот Ректор!
