Претставници на Амбасадата на САД во Северна Македонија денеска (19.05.2022 година) на Универзитетот на Југоисточна Европа ги претставија своите можности за студирање во САД, преку програмата Фулбрајт. Присутните студенти се интересираа за условите кои мора да се исполнат за користење на оваа програма, какви можности нуди, кои се предностите и други прашања за оваа програма.
Презентацијата на можностите на програмата Фулбрајт ја одржа Газменд Илјази, асистент за образование во Амбасадата на САД, а средбата беше организирана од Меѓународната канцеларија на УЈИЕ.
