Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Универзитетот на ЈИЕ и Гази Универзитетот од Турција потпишаа договор за соработка и договор за Еразмус +

Универзитетот на Југоисточна Европа и Универзитетот Гази, од Анкара, Турција, вчера (16.05.2022 год.) потпишаа договор за соработка и договор за програмата Еразмус +.

Делегацијата на Универзитетот Гази од Анкара, Турција, предводена од ректорот, проф. д-р Муса Јилдиз ја пречека проректорот за меѓународна соработка, проф. д-р Беса Арифи.

Во делегацијата беше и проф. д-р Фазли Полат, проректор, д-р Рагип Ајкурек, помошник генералниот секретар, проф. д-р Мехмет Зеки Ибраимгил, професор и Мехмет Али Озкан, шеф на кабинет.

Во рамките на договорот за соработка, особено беше акцентирана соработката со Факултетот за здравствени науки, додека договорот Еразмус + има за цел да ја олесни размената на студенти и кадар.

Google+