Во рамки на оваа активност беа направени три главни презентации на кои општата понуда ја презентираше проф. д-р Демуш Бајрами, а за студентските прашања и стипендиите презентираше директорот на студентскиот сервис Абаз Селмани.
Студентите имаа можност детално да слушнат за студиските програми на шесте факултети на УЈИЕ, како што се: Факултетот за бизнис и економија, Факултетот за современи науки и технологии, Факултетот за јазици, култури и комуникации, Правниот факултет, Факултетот за современи општествени науки и Факултетот за здравствени науки.
Во тек на Отворениот ден, матурантите ги посетија специјализираната лабораторија за форензика и лабораторијата за виртуелна реалност, Центарот за кариера, Универзитетската библиотека, студентските домови и други објекти на Универзитетот.
За време на оваа активност, Одделот за спорт на УЈИЕ организираше фудбалски натпревари со средношколци, каде победник беше фудбалскиот тим од средното училиште „28 Ноември“ од Дебар.
Со активности на оваа манифестација беа претставени и Студентското собрание и студентската асоцијација, кои ги реализираа прошетките на матурантите низ Кампусот и ги информираа за улогата и функционирањето на ова здружение.
На конкурсот за упис на студенти за новата академска година, УЈИЕ нуди 25 студиски програми, на албански и на македонски јазик, од кои 11 ќе бидат понудени и на англиски јазик. Во вториот циклус (магистерски студии) годинава се нудат 22 студиски програми, при што четири студиски програми се на англиски јазик. На докторски студии годинава се нудат 10 студиски програми и шест од нив се нудат и на англиски јазик.
За уметничкиот дел од манифестацијата „Отворен ден“ се погрижи пејачката Фјола Ибрахими и нејзиниот бенд.
