Ова издание ќе ги задоволи потребите на студентите и научниците за еден непосреден пристап до повеќе информации за европските прашања. Главната цел на ова издание, како што нагласува и самиот автор, е да се разјаснат важните аспекти на правниот, институционалниот и политичкиот систем на Европската унија во современата ера на промени и предизвици, со кои се соочува Европа во рамките на нејзината но и меѓународната сцена. Треба да се истакне дека книгата ,,Европска унија - права, институции и политики”, на доц. д-р Абдула Азизи, одговара на потребите на студентите кои имаат потреба од ваков вид на универзитетска литература на албански јазик, со цел истите да се здобијат со знаења за евро - интегративните процеси во нашево општество, особено студентите на правните, политичките и административните науки. ,,Поттикот за работа во подготовката на оваа книга се базира на фактот дека процесот на нашата земја за членство во Европската унија треба да помине преку едукацијата на студентите, кои по завршување на студиите ќе бидат вклучени во домашните институции, и ќе го спроведуваат правото на ЕУ, дури и би работеле во институциите на ЕУ, по нејзиното успешно членство ", вели авторот на книгата проф. Абдула Азизи.