Со цел зајакнување, унапредување и афирмирање на меѓусебната соработка, денес (18.04.2022 год.), Универзитетот на Југоисточна Европа, претставен од ректорот акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети и Македонската американска алумни асоцијација (МААА), претставена од претседателката г-ѓа Верица Јорданова потпишаа Меморандум за соработка.
Двете институции ќе соработуваат во однос на ангажирање на студентите во практична работа, во изготвување заеднички истражувачки проекти, дебати, обуки, размена на експертиза и други важни прашања на деловната и образовната заедница.
