Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

УЈИЕ потпиша Меморандум за соработка со Универзитетот ВУЗФ од Софија

Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово и Универзитетот ВУЗФ од Софија, денес (08.04.2022 год.) потпишаа Меморандум за соработка, со цел развој на академски наставни и истражувачки активности. Меморандумот го потпишаа ректорот на УЈИЕ, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети и проф. д-р Борис Велчев, ректор на Универзитетот ВУЗФ.

Со потпишувањето на овој меморандум, двете институции ќе промовираат и спроведуваат активности во програмските области, како што се: бизнис и менаџмент, економија, банкарство, сметководство, осигурување и други заеднички идентификувани области.

Универзитетот на Југоисточна Европа и Универзитетот ВУЗФ ќе соработуваат и за размена на кадри и студенти, за воспоставување заеднички дипломи, за надгледување на истражувачката работа на докторандите, организирање летни школи и пракса за студенти.

Google+