Универзитетот на Југоисточна Европа и Канцеларијата на НДИ во Северна Македонија (Национален Демократски Институт) денес (23.03.2022 година) во Скопје потпишаа два меморандуми, првиот за поддршка на магистерски и на докторски студии за вработени во Собранието на Република Северна Македонија кои ќе студираат на Факултетот за современи општествени науки на УЈИЕ и другиот за обезбедување можност на студентите за практична работа во НДИ во Скопје.
Меморандумот го потпишаа ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменф Беџети и директорот на НДИ во Република Северна Македонија Роберт Скот Хејзлет.
Потпишаните меморандуми се засноваат на важноста од градење капацитети на институциите со акцент на соработката со академијата како и обезбедување можности за студентите да стекнат знаење и искуство во нивните професионални студии и кариера.