Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Меѓународните студенти од Таџикистан и Пакистан домаќини на прославата на Денот на Султан Невруз

Студентите од Таџикистан и Пакистан, кои студираат на УЈИЕ, денес (21.03.2022 година) организираа културна манифестација по повод празникот Султан Невруз.

На овој настан, покрај ректорот на УЈИЕ, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети присуствуваа и претставници на Фондацијата „Шамс“, предводени од претседателот на оваа фондација Камрудин Шамс.

Ректорот Беџети, на сите студенти им го честита празникот, упатувајќи ги да се обратат до службите на Универзитетот, а доколку е потребно и до него за секое нивно барање поврзано со студиите.

„Знам дека сте многу далеку од вашите семејства на овој важен ден за вас, но бидете уверени дека тука имате второ семејство, а тоа е големото семејство на УЈИЕ, кое ќе ве поддржи во вашето академско патување“, рече ректорот Беџети.

Ректорот Беџети им се заблагодари и на претставниците на Фондацијата „Шамс“ за остварената соработка и за понудената можност во иднина да се зголеми бројот на меѓународни студенти преку оваа фондација.

На студентите им се обрати и претседателот на Фондацијата „Шамс“, Камрудин Шамс, кој им се заблагодари на ректорот и на УЈИЕ за прекрасниот прием на студентите од Таџикистан и Пакистан.

„Чест ми е што сум денес со вас, бидејќи за мене тоа беше остварување на сонот, кој како Мартин Лутер Кинг го имав и кој се оствари со доаѓањето на студентите на овој универзитет“, рече г. Шамс.

Меѓународните студенти изведоа неколку песни и ора кои се традиција за празнување на султанот Невруз, а за присутните подготвија и традиционални јадења.

Покрај кадарот, на настанот присуствуваа и други студенти на УЈИЕ предводени од Студентското собрание и студентската асоцијација.

Google+