COVID-19 Information and Protocol

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

УЈИЕ и Фондацијата „Шамс“ потпишаа меморандум за соработка

Универзитетот на Југоисточна Европа и Фондацијата „Шамс“ потпишаа Меморандум за соработка за интернационализација на студиските програми.

Меморандумот беше потпишан во петок (18.03.2022 год.) од ректорот акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети и Камрудин Шамс, претседател на Фондацијата „Шамс“.

Двете институции споделуваат заеднички вредности и за таа цел преку овој меморандум сакаат да го развијат нивото на соработка во насока на понуда на што повеќе студиски програми на англиски јазик на студентите избрани од Фондацијата „Шамс“.

Фондацијата „Шамс“, исто тала, ќе додели и стипендии за избрани студенти за студиските програми на англиски јазик на УЈИЕ.

Во моментов на УЈИЕ студираат 26 студенти поддржани од Фондацијата „Шамс“.

Фондацијата „Шамс“, како дел од Фондацијата „Далас“, е филантропска организација регистрирана во САД посветена на подобрување на вештините и на економскиот развој на луѓето преку образование и развој во кариерата.

Google+