Универзитетот на Југоисточна Европа останува модел на повеќејазичен, либерален универзитет со политика на еквидистанца за сите и со флексибилна употреба на јазиците и овој атрибут го прави нашиот Универзитет посебен. Нема поидеално место од универзитетите, а во овој случај и со поидеални можности од УЈИЕ, каде што може да се обработува тема како на оваа тркалезна маса, рече во своето главно обраќање, ректорот акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, кој воедно се заблагодари на амбасадорот Баумгартен и на француските институции што го избраа нашиот Универзитет за реализација на овој проект.
Ректорот Беџети рече дека на претходната средба со амбасадорот Баумгартнер ги разгледале можностите за соработка, при што заедно заклучиле дека соработката меѓу УЈИЕ и француските универзитети може да се реализира во три компоненти и тоа: академска соработка, во изработка на интердисциплинарни наставни програми меѓу социјалните и техничките науки; унапредување на научното истражување, каде што тука МВДШИ ги обединува Факултетот за општествени науки и техничкиот во развојот на заедничкото истражување и третата компонента е општественото влијание на Универзитетот.
Н.Е. Сирил Баумгартнер, во своето обраќање рече дека веднаш по Скопје , центар на соработка е Тетово и во рамките на ова партнерство Универзитетот на Југоисточна Европа е многу високо рангиран на листата за соработка на Француската алијанса во Тетово и Амбасадата на Франција.
На оваа тркалезна маса со свои излагања се претставија Лејла Ланкарани, УФЦ (онлајн), Гордан Георгиев, Форум за разумни политики, Ардита Абази, Институт за европска политика, Бујар Лума, НВО „Лоја“, Фредерик Спањоли, УФЦ и Албулена Халили, МВДШИ -УЈИЕ.
Тркалезната маса ја модерираа директорот на МВДШИ - проф. д-р Вели Креци, Фредерик Спањоли од УФЦ и Бујар Синани, раководител на Канцеларијата за меѓународна соработка.
