Почитувани колешки, сестри и мајки,
Во мое лично име, но и во име на целиот Ректорат и другите колеги од нашето Институционално семејство, Ви го честитаме 8. Март, Денот на жената и пред сѐ денот на мајката.
Универзитетот на Југоисточна Европа може се гордее што жените се претставени на сите нивоа на раководството, но и што има и големо претставување на жени во вкупниот број студенти. Секогаш кога го славиме 8. Март, го нагласуваме овој факт, да послужи како модел за тоа како треба да се почитува родовата еднаквост.
Овој многу значаен ден за жените, нека биде поттик за размислување и конкретно делување, за тие да не се чувствуваат воопшто нееднакви во сите сфери на општеството и во исто време да работат за оваа цел не само денес, туку и секогаш.
Во оваа прилика сакам да им се заблагодарам на сите претставници на нашето институционално семејство за нивниот придонес, без кои немаше да бидеме тука каде што сме.
Живејте без болка, исполнети со љубов, со целосна духовна исполнетост и заслужена почит.
Ректор,
Акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети
