Во договорот се наведува и дека страните заеднички ќе одговорат на глобалните и за регионалните предизвици преку споделено искуство и комплементарни капацитети во областа на науката, технологијата и образованието.
УЈИЕ и Универзитетот во Призрен ќе соработуваат во спроведувањето на заеднички проекти во рамките на меѓународните програми, како што се Еразмус + и Хоризонт Европа.
Двете високообразовни институции, според договорот, ќе генерираат и споделуваат нови знаења и ќе го олеснат партнерството во областите од взаемен интерес.
