Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Кадарот од Институтот за животна средина и здравје на ЈИЕУ учествуваше на обука во Марибор, Словенија

Кадарот од Институтот за животна средина и здравје (ИЖСЗ) на Универзитетот на Југоисточна Европа (ЈИЕУ), учествуваше на програма за обука во рамките на Седмата рамковна програма- ФП7- Еуро Урхис 2. Обуката се организираше во Марибор, Словенија од 19-23 јануари 2010 година.

 Институтот за животна средина и здравје од ЈИЕУ беше назначен како партнерска институција од Македонија која ќе ги имплементира прашалниците и активностите кои произлегуваат од проектот ФП7 во Скопје и Тетово. Собраните податоци ќе служат како база на податоци за одредување на генералното ниво за здравје во одредените градови. Овие податоци ќе се употребат за споредувања и заклучоци во рамките на проектот на европско ниво.
Вулнет Зенки и Фисник Шабани беа учесниците од Институтот за животна средина и здравје од ЈИЕУ. Тие беа обучени за методите и технологиите за имплементација на активностите на Проектот ФП7. Во текот на оваа година обучениот кадар од Институтот за животна средина и здравје во соработка со другиот кадар на ЈИЕУ ќе ги прибере податоците и ќе го анализира нивото на стандардите на живеење и здравје во Скопје и Тетово.
Google+