Целта на конференцијата е да се сретнат во едно место сите учесници во проектот од Универзитетот Архус, Универзитетот Нотингем, Универзитетот на Приштина и Тирана, експерти од областа на образованието за да можат да ги операционализираат понатамошните чекори за иновативен развој на студиите од дистанца, имплементирањето на новите програми и развојот на истражувањата во областа на образованието.
Една од темите на конференцијата е и поставувањето на платформата за студиите од дистанца за II и III циклус на студии во ЈИЕУ.
Професорите од ЈИЕУ на конференцијата ќе имаат презентација на следниве теми: „Прашањето на истражувањата во образованието“(Арафат Шабани) и „Техниките на собирање на податоци за проблемите во образованието“ (Хасан Јашари).