COVID-19 Information and Protocol

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Дан Фелнер доби специјалистички грант на Фулбрајт да предава на Универзитетот на Југоисточна Европа

Дан Фелнер, соработник на Државниот универзитет на Аризона, Центарот „Меликијан“ за руски, евроазиски и источноевропски студии доби престижен специјалистички грант на Фулбрајт за предавања оваа есен на Универзитетот на Југоисточна Европа во Република Северна Македонија.

Тој ќе одржи предавања за меѓукултурни комуникации, медиумски системи и други теми поврзани со американските студии во период од пет недели, почнувајќи од почетокот на октомври.

Во 2019 година, проф. Фелнер помина шест недели во Северна Македонија како специјалист на Фулбрајт на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. За тоа време, тој исто така имаше предавање како гостин професор на Универзитетот на Југоисточна Европа во Кампусот во Скопје за важноста на слободните медиуми во развојот на демократијата.

Кога Фелнер не предава, тој работи како хонорарен писател на патувања и фотограф. Тој ги посетил сите 50 држави во САД, над 120 земји и објавил повеќе од 100 статии за патувања во разни весници и списанија низ целиот свет.

Програмата Фулбрајт е водечка меѓународна програма за едукативна размена спонзорирана од Стејт Департментот на САД. Специјалистичката програма Фулбрајт им доделува грантови на академици и професионалци од САД за работа во партнерство со академски, непрофитни и културни институции во над 100 земји. Грантовите се за период од две до шест недели.

Google+