На 23 ноември 2009 година во 14:00 часот во судницата на УЈИЕ (училница 814.01) беше одржано симулирано судење на кое учествуваа група студенти -апсолвенти на Правниот факултет при овој Универзитет. Студентите практично изведоа имагинарен случај наречен “Операција Индекс” кој се однесуваше на корупцијата во универзитетите во нашава држава. При оваа симулација студентите изведоа различни улоги како на пример: судски совет, обвинители, бранители, обвинети, сведоци, итн. Овој настан беше организиран од асистентот во кривично -правната област, м-р Беса Арифи а во соработка со Скопската НВО “Младински Образовен Центар”. Ова симулација претставува неопходен дел од наставната програма на студентите по предметот Казнено -процесно право така што претходно студентите реализираа и посети во Основниот Суд во Тетово со цел практично да видат како се одвива една вистинска казнена постапка и овој процес им помогна на истите при подготвувањето на нивниот случај што го презентираа тој ден. Групата студенти кои учествуваа во оваа активност е следна : Блерта Ахмеди, Рамије Јусуфи, Елмедина Есати, Калтрина Мустафи, Нусрет Асани, Емрије Исени, Аријана Асани, Беса Адеми, Шадије Рушити, Нермине Ибраими, Ремзије Џелили, Арбенита Реџепи, Лабинот Алија, Пранвера Реџеп, Ендрит Џеладини, Улзана Елмази, Мухамет Исмаили и Ардијан Ќазими.
Студентите од Правниот факултет во „Операција Индекс“
25 декември 2009Повеќе вести
- ИЗВЕСТУВАЊЕ
- УЈИЕ го одбележа успешното завршување на Еразмус+ проектот на меѓународен симпозиум во Анкара
- Летната школа „Common Sense Economics“ успешно се одржува на кампусот на ЈИЕУ во Тетово
- Вештачката интелигенција, иновациите и дигиталната трансформација во фокусот на традиционалната обука на кадарот на УЈИЕ
- Пријавување за субвенциониран студентски оброк од 26 до 31 август
- УЈИЕ го поздравува основањето на Здружението на наставници и професори по економија на Северна Македонија
- УЈИЕ го зајакнува партнерството со ZBW – Leibniz Information Centre for Economics