Ректорот и главниот државен ревизор разговараа и се согласија за соработка во програмите за професионална обука за градење на раководни и ефикасни капацитети на јавните институции, со посебен акцент на фискалните капацитети на локалните самоуправи.
Ректорот Беџети, исто така, го информираше г. Ацевски во врска со системот за ревизија на УЈИЕ и чекорите што оваа институција ги презеде во функција на транспарентност на институционалното работење.
