„Ректорот на Универзитетот во Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, говореше на темата „ Образованието наспроти предизвиците и можностите на пазарот “, каде што ја истакна асиметријата на пазарот на трудот во Северна Македонија, напорите направени од Универзитетот да придонесе за обезбедување на профилите што ги бара пазарот на трудот и создавање можности за вработување на студентите и младите воопшто.
Деканот на Факултетот за современи општествени науки, проф. д-р Мемет Мемети, говореше на тема: „Соработката помеѓу академијата и потенцијалните работодавци како неопходност за зголемување на вработувањето кај младите“.
Настанот го отвори Метин Муареми, претседател на Центарот за развој и образование, кој се заблагодари на УЈИЕ за соработката и придонесот и ја претстави целта на состанокот.
На дискусијата присуствуваше и специјалниот советник за труд и социјална политика на премиерот на Северна Македонија, г. Милан Живковиќ; координаторот за високо образование, Националната агенција за мобилност и образовни програми г. Астрит Реџепи; и г-ѓа Ќаније Селими - сопственик и управител на Центарот „РЕА“, Тетово.
