Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

„Радио Кампус“ во етерот

Радио Кампус е најновиот медиум во медиумскиот простор во Македонија, кој и официјално започна со работа на 23 декември 2009 година.

Основањето на Радио Кампус е иницијатива на Унијата на Студентите на ЈИЕУ и во почеток ќе емитува програма преку интернет на адресата http://us.uejl.info.

На коктелот по повод започнувањето со емитување на програмата на ова радио, проректорот за истражување и квалитет проф. др. Муртезан Исмаили, рече дека ова радио ќе биде добра можност за студентите да се информираат за сите случувања во ЈИЕУ.

На оваа пригодна манифестација учествуваше и амбасадорот на Албанија во Македонија Арбен Чејку, кој им порача на студентите за кратко време ова радио да го трансформираат во студентска телевизија.

Радио кампус ќе емитува програма главно за студентите, рече Штегтаре Жута. Треба да се истакне дека редакцијата и целиот ангажиран персонал е составен од студенти од разни факултети на Универзитетот.

Google+