Речникот има 300 страници во формат од 24 см со толкување на термините од споменатите области. Книгата ќе им помогне на читателите да ги најдат соодветните административните, политичките, социјалните и дипломатските термини и изрази. Во речникот се опфатени сите значајни термини и изрази, кои во детали се толкувани и објаснувани. Речникот може да служи како практичен прирачник, кој ќе овозможи брзо наоѓање на обичните изрази, именувања и поими, кои се присутни и се употребуваат често во секојдневниот живот за одредени професии.Авторите на речникот доц. др. Абдула Азизи, проф. др. Етем Азири и доц. др. Земри Елези го имаат поделено речникот на четири поглавја и во детали се објаснети зборовите а воедно се искористени и сите досегашни достигнувања и искуство како неопходност за дејностите на административците, политичарите, социјалните работници и дипломатите.