Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, во својство на експерт, учествуваше на дебатата за Буџетот 2021 година, организирана на Македонската радио телевизија, на која присуствуваа и премиерот Зоран Заев и министерот за финансии, Фатмир Бесими.
Ректорот Беџети дебатираше и го искажа својот став во врска со проекциите на Буџетот за 2021 година, колку е остварлив и како ги исполнува реалните очекувања на економијата.