Илир Снопче докторираше на Државниот универзитет на Њујорк во Бингхамтон
10 декември 2009
Во петок, 4 декември, Илир Снопче успешно ја одбрани својата докторска дисертација на катедрата за математички науки на Државниот универзитет на Њујорк-Бингхамтон, со наслов "Lie Methods in Pro-p Groups", пред комисијата во состав: Д-р Maрцин Мазур (советник), д-р Фернандо Гузман и д-р Адријан Васиу од Државниот Универзитет на Њујорк во Бингхамтон и д-р Мартин Касабов од Универзитетот Корнел.
Илир Снопче, во рамките на Универзитетот на Југоисточна Европа, во јануари 2005 година, ги продолжува постдипломските студии на Државниот Универзитет во Њујорк – Бингхамтон, каде што и магистрираше во во 2007 година. Понатаму тој продолжува со докторските студии кои успешно ги заврши оваа година. Од следниот семестар, Илир Снопче ќе биде ангажиран како визитинг професор на Универзитетот во Вирџинија.
Повеќе вести
- ИЗВЕСТУВАЊЕ
- УЈИЕ го одбележа успешното завршување на Еразмус+ проектот на меѓународен симпозиум во Анкара
- Летната школа „Common Sense Economics“ успешно се одржува на кампусот на ЈИЕУ во Тетово
- Вештачката интелигенција, иновациите и дигиталната трансформација во фокусот на традиционалната обука на кадарот на УЈИЕ
- Пријавување за субвенциониран студентски оброк од 26 до 31 август
- УЈИЕ го поздравува основањето на Здружението на наставници и професори по економија на Северна Македонија
- УЈИЕ го зајакнува партнерството со ZBW – Leibniz Information Centre for Economics