Целта на овој проект е да се развијат алатки за обука на универзитетскиот кадар за ефикасно креирање и користење на мултимедијални технологии, така што тие ќе се здобијат со вештини да создадат пореална и попривлечна содржина во комуникацијата во образовното истражување и проектите универзитетот со заедницата. Наставната програма за обука и креираните ресурси ќе претставуваат посебна услуга која ќе се нуди на универзитетите од обучувачите за дигитализација (DigiCoaches), кои се универзитетски кадар кој ќе обезбеди обука за други внатрешни / надворешни корисници / обучувачи во ефикасното креирање-користење на мултимедијални технологии .
Проектот ќе го подобри квалитетот и релевантноста на знаењето и вештините на универзитетскиот кадар во областа на мултимедијалните технологии. Проектот ќе го води Политехничкиот универзитет во Темишвар (Романија). Други партнери во проектот се: Универзитетот во Аликанте (Шпанија), Здружението за социо-научни консултации и истражувања (Германија), Сторителми, Унифесол (Португалија), Каунас универзитетот за технологија (Литванија), Меѓународното училиште за социјални и деловни студии (Словенија). Проектот се очекува да започне до крајот на оваа година и да трае 30 месеци.
Овој проект е осми по ред од тековните проекти на Универзитетот на Југоисточна Европа.