Најистакната студентка од Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово е Ардита Идризи, студентка на Правниот факултет.
Целта на прогласувањето на најистакнатите студенти е нивно оценување, мотивација и охрабрување за постигнување успех во нивните кариери.
На истакнатите студенти, освен доделување на награди, им беа донирани и комплетни книги од некои познати издавачки куќи од земјава.
На овој настан беа прогласени и истакнати ученици од неколку средни училишта во Северна Македонија.
