COVID-19 Information and Protocol

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Универзитетот на Југоисточна Европа започна со редовни предавања со хибриден наставен процес

На Универзитетот на Југоисточна Европа денес започнаа редовните предавања за новата академска 2020-21 година за студентитe од сите циклуси на студии.

Наставниот процес е комбиниран (хибриден), што значи директна настава со студенти кои се присутни на часот (според соодветните распореди), додека студентите кои од објективни причини нема да бидат присутни, ќе можат да присуствуваат на предавањата онлајн., преку камери инсталирани во секоја училница.

„Новата академска 2020/2021 година ја започнуваме во услови на пандемијата Ковид-19, како никогаш досега, година полна со здравствени предизвици, но и тестови за справување и внимателно управување со состојбата. Свесни за опасностите, институционално направивме максимални подготовки за строго спроведување на сите препораки за хигиенска и за лична заштита во текот на периодот на пандемија. “, рече ректорот на УЈИЕ, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети.

За да не се загрози здравјето на студентите и вработените, за прв пат за студентите од прва година, не се организираше традиционален прием но тој беше трансформиран во онлајн прием за студенти.

Преку нивните електронски адреси и преку сите медиуми на Универзитетот, вклучувајќи ја веб-страницата, социјалните мрежи и официјалниот канал на Универзитетот на Јутјуб, на сите студенти од прва година им беше испратена видео порака од ректорот, деканот на релевантниот факултет и советниците на студентите со конкретни упатства за почеток на академската година.

Со специјална порака, ректорот Беџети им се обрати на сите студенти и вработени на Универзитетот, од кои бара строго почитување на здравствените препораки и протоколи и истовремено им честита за посветеноста и прилагодувањето на новите околности.

Google+