COVID-19 Information and Protocol

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Bеше одржана Четвртата меѓународна научна конференција за деловни и информатички технологии за влијанието на пандемијата ковид-19 врз економијата

Факултетот за бизнис и економија и Факултетот за современи науки и технологии, во четвртокот и петокот (17. и 18. септември), во Скопје и во Тетово, ја одржаа четвртата меѓународна научна конференција на тема: „Влијанието на пандемијата КОВИД-19 врз економијата, импликации и можни решенија“.

„Целта на конференцијата е да се придонесе кон креирањето политики преку аналитички пристапи кон состојбите и научна анализа, да се дадат можни конкретни предлози во врска со дизајнирањето на економските политики“, рече во својот воведен говор на конференцијата, ректорот акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети.

„Ние имаме општествена обврска да помогнеме и да придонесеме давајќи академско научно мислење, да бидеме учесник и да понудиме конкретни научни решенија за проблемите што го засегаат нашето општество“, рече меѓу другото ректорот Беџети.

Овие денови ЕУ ги разгледува и редизајнира економските политики, како и нивните инструменти - буџетот на ЕУ е насочен кон зелена економија, обновливи извори, здравство, иновативни технологии, интегрирано високо образование засновано на интердисциплинарност (СТЕМ - наука, технологија, инженерство и математика ), сите овие треба да бидат јасен водич за нас каде треба да одиме “, забележа ректорот Беџети.

„Светската банка веќе подолго време сугерира на инвестиции во човечки капитал во РСМ - првенствено преку образование и здравство. Индексот за човечки развој, според последните публикации на СБ (септември 2020 година), покажуваат „динамична регресија“, која се движи само за 0,02 за 10 години (2010-2020 година). Во 2010 година беше 0,54, додека во 2020 година, е 0,56! “ истакна ректорот Беџети.

Министерот за економија на РСМ, кој беше учесник на конференцијата, се заблагодари на Универзитетот на Југоисточна Европа и особено на ректорот Беџети за конкретниот научен придонес во справувањето со кризата предизвикана од пандемијата КОВИД 19. Тој рече дека УЈИЕ е конкретен учесник во изготвувањето на сите економски пакети предложени од Владата, особено во пакетите 2, 3 и сега и во четвртиот пакет.

„Имаме консултации со сите чинители со цел да создадеме мерки кои што побрзо и поедноставно ќе можат да се користат и да се спроведуваат“, рече министерот Бектеши во врска со четвртиот економски пакет.

Учесник на конференцијата беше и министерот за финансии на РСM, Фатмир Бесими, кој рече дека со оваа конференција УЈИЕ дава конкретен придонес во управувањето. Министерот Бесими го презентираше научниот труд на тема: „Глобални макроекономски предвидувања “.

Деканот на Факултетот за бизнис и економија, проф.д-р Хирије Абази, им се заблагодари на академскиот кадар, гостите и сите учесници истражувачи за придонесот. Таа го презентираше трудот на тема: „Проценка на ефектот на КОВИД-19 врз економијата“.

Деканот на Факултетот за современи науки и технологии, проф.д-р Адријан Бесими, исто така, им изрази благодарност на учесниците, истакнувајќи ја важноста на информатичката технологија во справувањето со кризата. Тој го презентираше трудот на тема: „Предизвиците на информатичките технологии за време на пандемијата КОВИД-19“.

Конференцијата продолжи со паралелни сесии, на кои беа презентирани трудовите од познати професори и истражувачи од областа од универзитетите и институтите, од земјава и од регионов. Меѓународните учесници, поради пандемијата ги презентираа своите дела преку онлајн платформи.

Конференцијата беше отворена и модерирана од доц. д-р Блерта Абази, меѓународен координатор на ФБЕ. Презентираните трудови ќе бидат објавени во посебна збирка од конференцијата.

Google+