Обуката е организирана од Универзитетот на Југоисточна Европа, Факултетот за современи науки и технологии во соработка со Општина Тетово, а на неа учествуваат наставници од основните и од средните училишта во Тетово.
На оваа обука ќе се обработуваат теми за најновите ИКТ технологии и нивната употреба во управувањето со учење од далечина и он лајн наставата. Учесниците кои учествуваат ќе бидат обучени да ги користат најновите ИКТ технологии од платформата на Гугл (Google platform) за управување со предметите, како и да ги обучат другите колеги.
Поради големиот интерес следниве неколку недели ќе се организираат слични обуки за да се вклучат што е можно повеќе наставници.
По завршувањето на активностите учесниците ќе добијат сертификат за присуство на обуката.
Оваа и слични активности што ние ги организираме со години како Универзитет на ЈИЕ се директен придонес на Универзитетот за добросостојба на нашето општество во овој период на пандемија.