Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Факултетот за современи општествени науки на Универзитетот на Југоисточна Европа е добитник на грантот за понуда на програма на магистерски студии за Родово одговорно буџетирање

Факултетот за современи општествени науки на Универзитетот на Југоисточна Европа е добитник на грантот од Еразмус KA203- Стратегиско партнерство во високото образование.

Проектот насловен: „Магистерски студии за родово одговорно буџетирање“ има за цел развој на капацитети на високообразовните институции во понуда на магистерски студии во Родово одговорно буџетирање. Исто така, има за цел развој на отворени иновативни образовни ресурси, структури и капацитети како основа за заедничките магистерски студии во Родово одговорно однесување со партнерските институции и јавните институции во нивните напори да го применат Родовото одговорно буџетирање во нивните организации. Наши партнери во овој напор се универзитетите и тинк-тенковите со експертиза во оваа област од Австрија, од Србија и од Северна Македонија.

Проектот се очекува да започне до крајот на 2020 година, а координатор на проектот ќе биде Мемет Мемети од Факултетот за современи општествени науки при Универзитетот на Југоисточна Европа.

Google+