Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Факултетот за современи науки и технологии добитник на грантот Зајакнување на науката преку СТЕМ образование

Факултетот за современи науки и технологии на Универзитетот на Југоисточна Европа е добитник на грантот на Еразмус KA201 (Стратегиско партнерство за училишно образование).

Називот на проектот е „Зајакнување на науката преку СТЕМ образование“ и има за цел подобрување на СТЕМ образованието во средните училишта во Северна Македонија.Проектот ќе помогне на УЈИЕ во воспоставување на лабораторија за креирање, уникатна средина каде студентите на УЈИЕ и на пошироката заедница ќе бидат во можност д креираат прототип , да пронаоѓаат, да играат и да учат.

Проектот ќе го води проф. Висар Шеху од Факултетот за Современи науки и технологии заедно со вработените од Универзитетот на Југоисточна Европа и ќе биде поддржан од две други престижни институции: Универзитетот Линаеус од Шведска и Универзитетот Галатасарај од Турција.

Дополнително имаме локални партнери од Северна Македонија: Гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ од Тетово и „Ибрахим Темо“ од Струга.

Google+