Во оваа прилика, ректорот на УЈИЕ, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, во свое име и на раководството и вработените на УЈИЕ до семејството на покојниот проф. Агни Алиу, изразува најдлабокото сочувство.
Професорот Агни Алиу бил вработен во Универзитетот на Југоисточна Европа од 2003 година. Тој е автор на повеќе книги, научни трудови и истражувачки трудови објавени во национални и меѓународни научни списанија.
Професорот Агни Алиу, од страна на студентите, колегите и соработниците, ќе биде запаметен како неуморен, кооперативен и трудољубив работник во својата научна-истражувачка дејност.
