COVID-19 Information

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Институтот „Макс ван дер Штул“ го доби проектот од Европската комисија за стратегиско партнерство во високото образование

Институтот за научно истражување на Универзитетот на Југоисточна Европа - „Макс ван дер Штул“ го доби грантот на Европската комисија, во рамките на програмата „Еразмус +“ за стратегиско партнерство во високото образование. Овој грант беше доделен за реализација на проектот со акроним BRIDGE(Мост): Bridging Integrity in Higher Education Business, and Society (премостување на интегритетот во високото образование, бизнисот и општество) и ќе започне во септември годинава.

Проектот BRIDGE има за цел да развие нови, отворени и иновативни образовни ресурси за правилно решавање на прашањата на академската чесност во истражувањето, бизнисот и општеството меѓу студентите на постдипломски и на докторски студии, како и нивните ментори.

Со оглед на фактот дека злоупотребата во истражувањето главно е од студентите на постдипломски и докторски студии во високообразовните институции, кога обично започнуваат со истражување, примарниот напор за академска и истражувачка чесност треба да биде насочен кон нив како идни истражувачи кои се на почетокот на нивните кариери.

Водач на проектниот конзорциум на шесте европски институции ќе биде еден од врвно рангираните истражувачки универзитети во светот, Универзитетот во Упсала во Шведска.

Други партнери на проектот се: Универзитетот на Југоисточна Европа (Северна Македонија), Универзитет Мендел (Брно, Чешка), Национален технички универзитет Керсон (Украина), Литвански центар за социјални истражувања (Литванија), Канцеларија на народниот правобранител за академска етика и процедури од Република Литванија (Литванија).

Google+