COVID-19 Information and Protocol

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Библиотеката на УЈИЕ беше домаќин на тркалезната маса за меѓународни библиотекари

Универзитетската библиотека „Макс ван дер Штул“ на Универзитетот на Југоисточна Европа беше домаќин на он-лајн тркалезната маса за „10 години искуство од поранешните студенти на програмата за посети на млади лидери“ на меѓународни библиотекари, која се одржа во сабота на 4. јули.

Со учество двајцата гости говорници, г-ѓа Мерилин Сакс-Мекмилион; Асистент директор и виш службеник на програмата, Програма за размена на посетители во Светскиот центар за учење; Вашингтон и г. Газменд Иљази; координатор за размена и алумни во Американската амбасада во Скопје.

Посветеноста на меѓународните библиотекари од десет различни земји низ целиот свет, преку споделување на своите искуства за професионален развој како алумни на програмата за посети на млади лидери и дискутирање за натамошниот заеднички проект, овозможија овој панел да се реализира и да заврши со голем успех.

Во својство на домаќин, панелот го модерираше Елмедина Абдулаи, раководител на Универзитетската библиотека на УЈИЕ „Макс ван дер Штул“.

Оваа тркалезна маса се совпадна со 4. јули - Денот на независноста на САД, а како знак на почит и благодарност до Стејт департментот за можностите што ги нуди, учесниците виртуелно го прославија овој важен датум на САД.

Google+