Флорим Ајдини учествуваше на меѓународната конференција „Национален конгрес, национална школа“ во Елбасан, Република Албанија
7 декември 2009
Флорим Ајдини учествуваше на меѓународната конференција „Национален конгрес, национална школа“ во Елбасан, Република Албанија, која се одржа по повод 100 годишнината на првото средно училиште на албански јазик. Имајќи про - западна ориентација, првото средно училиште на албански јазик претставуваше основа за патот на Албанците кон европската цивилизација.
Темата на проф. Флорим Ајдини беше фокусирана на истакнувањето на споредбените аспекти на Елбасанската Нормала ( прво средно училиште на албански јазик) со актуелното универзитетско образование, кои работаат според принципите на Картата на Болоња, на која членува и Универзитетот на Југоисточна Европа. Тој зборуваше за прашања, кои се поврзани со улогата на националните и меѓународните проекти во ЈИЕУ, во контекст на предностите во наставата и ширењето на новите практики во образованието и во наставните програми на Факултетот за јазици, култури и комуникација. Тој, исто така ја истакнал потребата за нови интередисциплинарни наставни програми, кои се единствениот пат за соочување со конкуренцијата на пазарот на трудот и со предизвиците на новото време.
Повеќе вести
- ИЗВЕСТУВАЊЕ
- УЈИЕ го одбележа успешното завршување на Еразмус+ проектот на меѓународен симпозиум во Анкара
- Летната школа „Common Sense Economics“ успешно се одржува на кампусот на ЈИЕУ во Тетово
- Вештачката интелигенција, иновациите и дигиталната трансформација во фокусот на традиционалната обука на кадарот на УЈИЕ
- Пријавување за субвенциониран студентски оброк од 26 до 31 август
- УЈИЕ го поздравува основањето на Здружението на наставници и професори по економија на Северна Македонија
- УЈИЕ го зајакнува партнерството со ZBW – Leibniz Information Centre for Economics