Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад.проф.д-р Абдулменаф Беџети беше еден од главните говорители на настанот „Влијанието на новите предизици од панделијата врз високото образование“. На овој настан говореа: министерот за образование и наука Арбер Адеми, ректорот на УКИМ проф.д-р Никола Јанкуловски, ректорот на УКЛО проф. д-р Сашо Коруновски и проректорот за образование на УГД проф.д-р Мишко Џидров.
Организатор на дебатата беше УКЛО, а на неа учество земаа над 130 професори и студенти од Универзитетите во земјава.
На слеедниов линк може да ја следите целата дебата и обраќањето на ректорот Беџети: https://youtu.be/ctA3UyMJj8A
