Извршниот комитет на Одборот на Универзитетот на Југоисточна Европа денес (29.04.2020), ја одржа следната средба, на која на состанокот се дискутираа и се решаваа некои важни теми за Универзитетот. Меѓу другото, Извршниот комитет го одобри Извештајот за само-евалуација за учебната 2018-19 година.
Извршниот комитет оцени дека овој Извештај е добро структуриран и ги дава сите потребни информации за Универзитетот. Извршниот комитет се заблагодари на Комисијата за сработеното при подготовката на овој обемeн и суштински извештај.
